Јубилејно, десетти пат на кејот на реката Вардар во близина на амфитеатарот,  се одржа  Училишен Атлетски  крос. Момчињата од основите училишта на територијата на Општина Карпош, се натпреваруваа во четири дисциплини и тоа: 150м; 200м; 250м и 300 метри, додека девојчињата исто така се натпреваруваа во четири дисциплини: 100м; 150м200ми 250 метри.

Шестоодделенката Јана Илиевска од Јан Амос Коменски  го освои првото место во категоријата на 100 метри, додека Ениса Јашарова од „Аврам Писевски“ е победничка на 150 метри. Осмоодделенката Снежана Тунеска од „Јан Амос Коменски“ е најдобра во трчање на 200 метри, додека Ива Чадиковска од „Владо Тасевски“ е шампионка на 250 метри.

Кај момчињата Дамјан Павловски од „Петар Поп Арсов“ е најдобар до 150 метри, а  Омер Алитовски од „Аврам Писевски“ победи во трката на 200 метри. Насер Бајрами од истото училиште е најдобар во трката на 250 метри, додека Петар Муратовски од „Христијан Тодоровски – Карпош“ е најдобар на трката во 300 метри.  

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, им го честиташе успехот  и им додели медали и пехари на победниците до  трето место во сите натпреварувачки категории.