Јавното претпријатије за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“, упати демант до Општина Карпош дека на 3 септември, во саботата собирале возила на територија на Општина Карпош.

Општината му се заблагодарува на јавното претпријатие што и официјално потврди дека биле присутни на територијата на Општина Карпош и дека се обиделе да интервенираат , меѓутоа биле спречени од граѓани, жители на Карпош, поради нивната ненадлежност. Дополнителни вакви реакции имавме и од жители на улицата „Рузвелтова“, кај средношколскиот дом „Здравко Цветковски“, кој е на територија на Општина Карпош. Ние не тврдиме дека сте однеле возило во депото, туку според изјавите на самите жители на Карпош сте се обиделе да постапувате на туѓа територија, иако во Општина Карпош паркирањето е слободно, односно бесплатно, а згора е надвор од територијата каде што може да дејствува ЈП „ПОЦ“.