Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска имаше средба со претставници на планерските куќи кои во моментот изработуваат урбанистички планови за општина Карпош. На средбата градоначалникот побара од нив да подготват презентации на сите планови, без разлика во која фаза на изработка се во моментот, за истите да бидат ставени на увид пред Советот на општината и пред јавноста.