Градоначалникот Стевчо Јакимовски беше на увид во новиот објект при што беше констатирано дека издвоените 23 милиони денари од буџетот на Општина Карпош за 2023 година нема да бидат доволни за довршување на целата зграда. Од тие причини беше одлучено годинава да се стават во функција приземјето, првиот и вториот кат, за да можат најголем дел од општинските служби да се преселат во новата зграда некаде до крајот на септември. Објектот се планира да биде довршен и целосно да биде ставен во функција во текот на следната година.