Во официјална посета на градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска беа Исмаил Ердил генерален директор на ПСУ Јахја Кемал, Фетулах Нохутчу директор на основното училиште Карпош и Сурија Таук одговорен за односи со јавност. Претставниците од Јахја Кемал го информираа градоначалникот за резултатите на училиштето во изминатиот период, а особено беа апострофирани освоените меѓународни награди на учениците од ова училиште. На покана на директорот, градоначалникот вети дека ќе го посети училиштето на почетокот на април.