Општина Карпош ја стартуваше новата година со реализација на градежни зафати на територијата на урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу. Решен е повеќе деценискиот проблем со канализационата инфраструктура на зградата број 47 на улицата Јуриј Гагарин. Градежните работи ќе продолжат на оваа локација. Планирано е подземна и надземна реконструкција на крак од улицата Јуриј Гагарин. – Во овој дел ќе правиме атмосферска канализација вклучувајќи нови тротоари, нов коловоз, а ќе бидат средени и паркинзите на зградите 47 и 49, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во програмите за 2023 година ставена е и изведба на енергетско ефикасна фасада нa зградите 47 и 49, а потоа и уште една зграда во непосредна близина со што оваа урбана заедница ќе добие современ и модерен лик.