Општина Карпош ги известува општинските основни училишта кои се наоѓаат на нејзина  територија, дека го стави во мирување Јавниот повик за избор на најдобро уреден ЕКО-училишен двор кој го објави под број 11-2826/2 од (01.04.2022) со рок на пријавување до 26.04.2022 година. Локалната самоуправа го презеде овој чекор поради актуелната ситуација со штрајкот на просветните работници во училиштата, кој започна на 11.04.2022 година, согласно Одлуката за организирање и одржување на Генерален штрајк, донесена на 4 редовна седница на СОНК.

Во оваа насока, Општина Карпош ги информира основните училишта дека за продолжување на рокот за пријавување на Јавниот повик, ќе бидат известени дополнително.