Во насока на реализирање на програмската активност за „Унапредување на здравјето на жената“, Комисијата за реализација на програмската активност при Општина Карпош распишува Јавен повик со цел, реализација на проекти од областа на здравјето на жената. Тоа подразбира вклучување на низа активности кои се поврзани со карактеристичните женски болести – едукација, советување, превенција и лекување.

 

Проектите треба да содржат и активности кои ќе бидат насочени кон предлагање на иницијативи и стратегии, што би резултирале со подобрување на репродуктивното здравје. За таа намена, Општина Карпош од својот Буџет обезбеди финансиска рамка во висина од 100.000 денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата.

 

За повеќе детали, заинтересираните правни и физички лица можат да се информираат на следниов линк:

 

 https://karpos.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/R2.pdf