Општина Карпош објави Јавен повик за пријавување на правните лица (фирми и угостителски објекти) кои вршат дејност на територија на Општина Карпош, за учество во проектот „Мој Карпош – Моја картичка”.

Сите заинтересирани фирми (кафулиња, ресторани, ординации, книжари, авто сервсиси и сл.) треба да пополнат Барање за склучување на Меморандум за соработка, во кое ќе ја наведат својата дејност, процент на попуст и производи на кои попустот ќе се однесува, а подоцна ќе склучат и Меморандум за соработка со Општина Карпош.

По завршување на процесот на склучување на меморандуми, сите фирми навремено ќе бидат известени за почетокот на реализацијата на проектот.

За сите дополнителни информации, кликнете на електронската верзија од јавниот повикhttps://karpos.gov.mk/Upload/Documents/IMG_20181001_0001(2).pdf