Вчера, во пригодна атмосфера, со богата трпеза и традиционална ромска музика, граѓаните на Општина Карпош од ромска националност го прославија празникот  Ѓурѓовден.

Голем број присутни Роми, како што велат самите, ,, го испраќаат Ѓурѓовден’’, кој за нив претставува празник предвесник на пролетта и славењето на животот. Токму на овој ден тие си посакуваат здравје, долг живот и среќа.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, во својот говор истакна дека локалната самоуправа вложува големи средства и напори за подобрување на квалитетот на животот на населеното место ,, Злокуќани ‘’, и работи на поголема социјална вклученост на граѓаните. Општинскиот татко упати апел до родителите, да си ги запишуваат своите деца на училиште, бидејќи образованието е темел на секоја изградена личност. Исто така првиот човек на Општината додели стипендија за стекнување на музичко образование, на ученик од ООУ ,, Аврам Писевски’’ кој освоил втора награда на општинско ниво во изведба на песна , со која талентираниот ученик ќе добие можност да се изгради како професионален и едуциран музичар.