Општина Карпош постави ново осветлување долж улиците „Римска“ (во урбаната заедница Владо Тасевски) и „Веселин Маслеша“ (во урбаната заедница Карпош 2).

Станува збор за штедливи лед светилки, кои ја зголемуваат безбедноста во населбите и овозможуваат полесно движење на сите учесници во сообраќајот.

На улицата „Римска“ се поставени 11 столба со 12 лед светилки, со моќност од 30 вати, додека во Карпош 2, на „Веселин Маслеша“ се поставија 8 столба со 8 лед светилки од по 30 вати.

Локалната самоуправа продолжува со активностите за подобрување на целосната инфраструктура долж сервисните улици во Општината.