Одбојкарките од „Фит Фан Волеј“ од  Карпош, денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Основките го освоија Државното првенство за пионерки,  откако викендов (03.06.2017) во одбојкарското финале убедливо ги совладаа  своите ривалки од тетовски Љуботен со резултат од 3-0 во сетови.

Првиот човек на локалната самоуправа им го честиташе постигнатиот успех, и им посака во иднина да се закитат со европска титула.

 

Веднаш   потоа , со својот успех се пофалија и спортистите од „Димо Хаџи Димов“, кои неодамна го освоија државното пионерско првенство во пливање, како и општинските шампиони во ракомет и тенис. Првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, нагласи дека само  со труд, упорност и максимална посветеност можат да се постигнат спортски успеси, и дека вложеното време во спортот, од нив ќе направи професионални одбојкарки. 

 

Општинскиот татко на прваците –спортисти од Карпош им вети патување, како и спортски стипендии и спортска опрема.