Комуналните служби на Општина Карпош, утринава спроведоа акција за темелно чистење на јавните паркинзи на улиците „Анкарска“ и „Багдадска“, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен).

Локалната самоуправа им се заблагодарува на граѓаните од околните згради и куќи за соработката, со тоа што ги отстранија своите возила од паркинг просторите и овозможија акцијата да се спроведе непречено.

Во изминатиот период, Општината организираше повеќе вакви акции за чистење на паркинзите и во Карпош 4 и Тафталиџе 2.

Продолжуваме со секојдневното одржување на јавните површини и заштитата на животната средина.