Комуналните служби на Општина Карпош денеска продолжија со активностите за чистење на снегот во сите населби. Интензивно се работи на расчистување на пешачките делови, тротоарите, зоните околу градинките и основните училишта, во близина на маркетите, кај детските игралишта и др. пофреквентни места низ општината.

Зимската служба помогна и во расчистување на снегот кај Институтот за белодробни заболувања кај децата (Козле).

Во текот на изминативе денови се потрошија вкупно 130 тони сол, со цел да се обезбеди побезбедно движење на граѓаните. Од денеска, на терен се сите 90 работници на комуналната служба, а се работи и со соодветна механизација за чистење на тротоарите.

Општина Карпош ги повикува компаниите, угостителските објекти, самостојно да исчистат и да обезбедат движење пред сопствените објекти. Исто така, повторно апелираме до граѓаните да користат зимска опрема.