Државните службеници од Општина Карпош и членови на синдикалната организација при локалната самоуправа,   на синдикалните спортски игри на УПОЗ кои годинава по 27 –ми пат  се одржаа во Охрид од 09-12. јуни, успеаја да се закитат со четири медали. Оваа година, учествуваа над 420 учесници на Синдикатот на УПОЗ од 35 синдикални организации.

Притоа, севкупен победник во машка конкуренција беше екипата на Општина Карпош со освоени осум поени, а севкупен победник во женска конкуренција беше екипата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со освоени 13 поени.

Во екипното натпреварување, вработените од Општина Карпош освоија злато во категоријата  кошарка за мажи, потоа, второ и трето место во категорија пливање (мажи и жени), а додека пак во машка конкуренција во шах, општинарите го освоија третото место.