Државните службеници на Општина Карпош, на синдикалните спортски игри на УПОЗ, кои годинава по 24 –ти пат  се одржаа во Охрид од 07-10. јуни, успеаја да се закитат со четири медали. Гордана Максимовска и Гордана Зафировска- Стојчевска освоија злато во екипното натпреварување пинг-понг за жени, додека  Сашо Романов и Димитар Бадев го освоија второто место во пинг-понг  екипно натпреварување за мажи.

На ова натпреварување,  Сашо Романов и Гордана Максимовска го освоија третото место во истата игра, во категоријата  мешани парови.

Сребрен медал или освоено второ место на Општина Карпош и донесе Ивица Јаковлевски во тенис.