Смрт на фашизмот, слобода на народот!
Денеска се сеќаваме на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. 🇲🇰 🇪🇺

Еден ден кој обединува два важни периоди.
🔴 9 мај 1945 – крајот на Втората светска војна.
🔴 9 мај 1950 – поставени темелите на денешната Европска унија.
Некогашната борба за мир, за слобода денеска е заменета со постојана борба за поголема демократија, еднаквост, правда и солидарност.
Вредности, во кои ако веруваме декларативно – нема да живееме подобро. А, ако за истите се залагаме искрено, ќе отвориме пат за подобар живот на сегашните и идни генерации.