Осми март, Меѓународниот ден на жената не е само еден ден во годината. Не е ниту еден од мноштвото празници, овој пат на „понежниот пол“.
Тој е симбол и потсетник на едновековната борба за женски права и родова еднаквост. Ден кога си спомнуваме дека борбата за женски права е всушност борба за човекови права, за недискриминација, против конформизмот на секојдневието.


Борбата почна како борба за право на глас, потоа за влез во власт, но првенствено за еднаквост и гласност. За гласот на сите оние жени кои се навредени, понижени, помалку платени, повредени или посрамени. Тие се отпор на туѓиот срам, нанесената неправда и наметната потчинетост. Жената денес само потсетува дека подеднакво припаѓа, дека е рамноправна и дека секогаш ќе се бори и ќе биде синоним за правда и правичност.
Честит 8 Март.
Општина Карпош