Велат дека Денот на жената, не треба да се празнува само еднаш во годината. Тоа треба да  го правиме секојдневно, преку упатување на пофални зборови  и признанија за нејзините успеси. Патем, жените биле достојни за почит, уште пред периодот на борбата за право на глас.  Овој 8 Mарт го посветуваме на жените,  кои ја афирмираат родовата рамноправност на нашите простори.

Светот ги има Амелија Ерхарт (првата жена пилот), Карен Харисон (првата жена машиновозач) и Мишел Мутон (жена рели возач).  Ние пак, ги имаме нашите три хероини. За да ги поттикнеме храброста и желбата за рушење на стереотипи во однос на родовата професија, поразговаравме со Стефанија Димеска (спортски пилот), Зорица Божиновска (машиновозач) и Маја Милошевска (рели возач).  Во наредните три дена, ќе имате можност да ги прочитате нивните кратки стории во кои говорат за личните искуства, патот до нивниот успех и охрабрувачките пораки, кои ги упатуваат до јавноста.

Честит 8 Mарт!