Во знак на одбележување на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Град Скопје, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев заедно со советниците, Светлана Пандиловска и Владимир Кроневски, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија.

Во оваа пригода, Општина Карпош им го честита денешниот ден на сите граѓани на Скопје, одбележувајќи го историскиот момент кога е ослободен нашиот град и жртвата која ја имаат дадено борците од Народно ослободителната борба.