Општина Карпош упатува искрени честитки до сите припадници на бошњачката заедница по повод Меѓународниот ден на Бошњаците. Овој ден е потсетник на богатото културно и историско наследство, традицијата и јазикот на Бошњаците, но и на вредностите што нè поврзуваат – почитувањето, соживотот, различностите и заедништвото. Заедно да продолжиме да градиме општество во кое секоја заедница го негува својот идентитет и култура, а различностите се препознаваат како наша заедничка вредност. Честит Меѓународен ден на Бошњаците!