Денешниот голем Илинден, никогаш не бил само национален и верски празник.Тој е многу повеќе.Тој е симбол на непокорот и вечната борба на македонскиот народ за слобода, самостојност и човекови права.Тоа бил и е вечниот копнеж на сите граѓани на Македонија.

 

Низ двата Илиндена во минатото, оној во 1903г и оној во 1944г., дел од битките се изборија. Имаме Република, имаме самостојност, свој јазик, државно конституирање на македонскиот народ и на народностите. Оттогаш наваму постојано ја водиме вечната битка за унапредување на човековите права. Се понапред сме, но не застануваме.Тоа ни е завет и од големиот Илинден. Нека ни е честит празникот 2 август Илинден и да го чествуваме во мир, слобода и просперитет.