Почитувани сограѓани,

            На сите жители на Општина Карпош, како и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам големиот празник 2 август-Илинден. Тој за нас, граѓаните на Република Македонија, има двојно историско значење:113 години од Илинденското востание и 72 години од Второто заседание на АСНОМ. Два светли датуми  во македонската историја кои ја симболизираат  борбата за големите идеали: за слобода, рамноправност и демократија. Даги чуваме и негуваме тие вредности.

Нека Ви е честит големиот Илинден!