Општина Карпош се приклучи на вечерниот настан “Часот на планетата Земја”, глобална акција за подигнување на јавната свест за заштеда на електрична енергија.

Вечерва, во времетраење од еден час се изгаснаа 80 светилки на плоштадот “Пеце Божиновски Кочо”, спроти студентскиот дом Гоце Делчев.
 
Во акцијата се приклучија и младите волонтери од Црвениот Крст кои со свеќички го формираа знакот 60+ , со цел акцијата да биде повидлива и да допре до поголем број на граѓани. 
 
Во текот на денот, во дворот на Општинската организација на Црвен Крст – Карпош се засадија и неколку садници, за дополнително разеленување на Општината и заштита на животната средина.