Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, денеска најави целосна реконструкција на ул„Њуделхиска“, во населбата Тафталиџе 1. Со  оваа градежна активност ќе се асфалтираат 500 метри од улицата, а истата ќе се прошири и  ќе се постави  ново штедливо лед-осветлување. Оваа инвестиција ќе ја чини Општината околу 3. 200.000 денари

–  Станува збор за една од најфрекфентните улици во урбаната заедница „Владо Тасевски“, која досега не беше реконструирана. Со овој инфраструктурен зафат, ние како локална самоуправа, ќе овозможиме подобар  и  побезбеден сообраќај на граѓаните во овој дел од Општина Карпош, потенцираше Богоев.

 Првиот човек на Општината, исто така нагласи дека во моментот се асфалтира и улицата „Даскал Камче“, во населбата Карпош 1, а најави и понатамошна реконструкција на улиците во Општина Карпош. 

– Во оваа пригода сакам да истакнам дека, покрај финансиските долгови кои ги наследивме во  Општина Карпош, ние продолжуваме со реконструкција на улици, и други инфраструктурни проекти. Морам да потенцирам, дека со членството на Република Македонија во Европската унија, нашата локална самоуправа ќе има директен бенефит од 15,5 милиони евра, европски пари, кои ќе бидат наменети за нови училишта, градинки, патишта, и мостови, односно за нови капитални проекти, потенцираше градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.