ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНИ ДВЕ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА ВО КАРПОШ
- јули 7, 2026
- 0
Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта.
На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче.
На детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар, се изврши фарбање на урбаните елементи, се зацврстија подлогите на лулашките, се реновирааа клацкалките, лизгалките, а се заменија и старите дотраени дрвни конструкции.
Општината продолжува со засилено темпо на реконструкција и реновирање на претходно мапирани оштетени детски игралишта, сè со цел да им се обезбеди пријатен и безбеден престој за дружба, забава и игра на карпошани.









