Општина Карпош ја заврши комплетната реконструкција на детското игралиште кое се наоѓа во у.з. Кузман Јосифовски Питу, помеѓу зградите на улицата „Јуриј Гагарин“ бр.25 и 35.

Во рамки на реконструкцијата беа обновени сите детски реквизити и пропратната урбана опрема со што игралиштето доби нов, побезбеден и пофункционален изглед.

Со оваа инвестиција значително ги подобруваме условите за игра, рекреација и дружење на намладите жители на овој дел од општината.

Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и обновување на останатите детски игралишта на целата своја територија.

Алепираме до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат и чуваат детските реквизити и урбаната опрема, бидејќи нивното зачувување е заедничка одговорност и придонесува за побезбедна и поуредна средина за сите.