Општина Карпош во соработка со ЕЛКОЛЕКТ (колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори) и Волонтерски Центар Скопје, вчера спроведоа успешна акција за собирање на електричен и електронски отпад во населено место Бардовци. За оваа акција Општина Карпош обезбеди 10 лица вработени во општината кои помогнаа истата да се спроведе успешно .

Во акцијата беа собрани 1.506,50 кгр. електричен и електронски отпад, за којшто ЕЛКОЛЕКТ ќе обезбеди да завршат на рециклирање, а не во животната средина. За сите граѓани кои го предадоа својот отпад, колективниот постапувач обезбеди цветни садници за разубавување на нивните дворови.

Општина Карпош продолжува со спроведување на акции за чиста и здрава животна средина на своите граѓани.