Општина Карпош се приклучи во хуманитарната акција за донирање на крв и храна, во организација на Амбасадата на САД во Република Македонија.

Станува збор за традиционална акција која се организира во знак на сеќавање на жртвите и преживеаните од трагичните настани на 11 септември 2001 година во САД.

Во името на Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев донираше поголем број на прехранбени продукти кои ќе се донираат на социјално ранливите категории на граѓани.

Како локална самоуправа ќе продолжиме со организирање, но и со приклучување во хуманитарни акции чија цел е да ја зголемат солидарноста меѓу граѓаните и меѓусебната помош.