Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев се приклучија кон одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање на жртвите од 11.09.2001 година, во организација на Амбасадата на  САД во Скопје и Црвениот крст на Град Скопје.

Во име на граѓаните на Карпош, градоначалникот Богоев донираше прехранбени продукти кои ќе бидат доделени на социјално – загрозените категории на граѓани.

Заинтересираните граѓани можат да донираат крв и прехранбенни продукти, од 09:00 до 16:00 часот, во просториите на Амбасадата на САД во Скопје. 

Националниот ден на служба и сеќавање се одбележува од 2002 година, во знак на сеќавање на жртвите, преживеаните и сите што помогнаа во справување со последиците од нападите на 11 септември. Главната цел  е преку добротворни акции да се оддаде почит, да се негува споменот кон загинатите и да се прави добро за заедницата. 

Покрај системската поддршка и социјална заштита која ја дава Карпош, Општината ќе продолжи да организира и да се приклучува кон вакви хуманитарни акции, кои имаат за цел да ја поттикнат солидарноста кај сите граѓани и чинители во нашето општество.