Во рамки на хуманитарната акција „Подај рака-донирај за својот сосед“, која се организираше по повод Деновите на Општина Карпош денеска од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош беа доделени хуманитарни пакети во Центарот за едукација „ Монтесори“, кој се  наоѓа во ООУ „Аврам Писевски“, во населбата Бардовци, во „СОС Детското село“, во Пунктот за бездомници  при  Црвениот крст на Македонија во „Момин поток“, како и во ЈСУ Психијатриска болница „Бардовци“.

Како што истакна и заменик-раководителката на секторот за Дејности од јавен интерес Гордана Зафировска-Стојчевска, локалната самоуправа во континуитет им помага на социјално загрозените семејства и граѓаните  кои живеат на нејзина територија.

 

-Постојано сме во контакт со семејства и граѓани кои се во тешка материјална состојба и согласно нашите надлежности им помагаме преку овие хуманитарни акции, или пак поединечно. Оваа година, освен во традиционалните установи, за прв пат хуманитарни пакети дониравме во болницата „ Бардовци“, со што го зголемивме капацитетот на нашата социјална и хумана помош, нагласи Зафировска- Стојчевска.

Во овие установи беа доделени кондиторски производи, средства за лична хигиена,  како и конзервирана храна наменета залицата кои престојуваат во овие установи.