По повод новогодишните и божиќните празници, учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ се сетија на своите другарчиња од социјално загрозените семејства.

По иницијатива на раководниот наставен тим од училиштето, заедно со учениците, на 24 овој месец, се одржа новогдишен хуманитарен базар. Собраните средства од еднодневниот базар, денеска беа поделени на учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ чии родители се наоѓаат во тешка материјална состојба. Хуманитарниот новогодишен базар се реализираше со цел и овие семејства да ги почуствуваат претстојните денови во празнична атмосфера.