По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, овој викенд, сабота и недела (24-25.12.2016) Општина Карпош ќе ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“. Кон оваа иницијатива ќе се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој ќе донира производи на „штандот на солидарноста“ пред маркетот „Тинекс“ во населбата Карпош 3.

 

Во оваа пригода, со почеток во 11.00 часот, првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски, ќе даде изјава за медиумите, каде ќе говори за карактерот на оваа традиционална хуманитарна активност. Општина Карпош ќе постави штандови пред 12 поголеми маркети низ локалната самоуправа, каде солидарните граѓани ќе можат да донираат производи за своите сожители кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.