По повод новогодишните празници,учениците и вработените од ООУ „Димо Хаџи Димов“ организираа хуманитарен новогодишен концерт.

Средствата кои беа собрани од концертот ќе бидат наменети за ПХВ проект на хумани вредности на црвен крст со кој ќе се донира помош од трајна вредност на таргетирано семејство.

На концертот учествуваа ученици од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ од насоката за традиционална музика и игра.

При реализација на концертот се приклучија и родителите на учениците.