Со средства од буџетот на Општина Карпош, комплетно се реновираа две училници во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош”. Оваа инвестиција чинеше 1.400.000 денари, а изведувач на работите е специјализираната фирма за изолаторски работи „БИТЕМ”.

Со овој градежен зафат училниците добија   комплетна  внатрешна изолација,  и се направи поврзување на училишните олуци со атмосферскта канализација, со што се санираше овој проблем. 

Целосно реновираните училници, добија модерни услови за спроведување на наставата на учениците, токму со почетокот на второто полугодие од оваа учебна 2016/2017 година. Општина Карпош и во наредниот период, ќе продолжи  да вложува средства со кои  ќе се реновираат училишните простории, за да може најмладите жители на локалната самоуправа да се едуцираат во најсовремени услови.