Денеска, ООУ „Христијан Тодоровски- Карпош“ , ја одржа  својата годишна приредба. Во присуство на претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, родители, наставници и ученици, директорката на училиштето, Лида Симјаноска  им додели пофалници на ученици кои биле наградувани на општински, регионални и државни натпреварувања.

Лука Грашковски  беше награден со специјална награда од училиштето, како ученик кој учествувал по сите предмети на натпреварувањата, освојувајќи голем број на први и втори места.

Со изведба на модерни танци, индивидуални и групни песни, основците од ова училиште на пригоден начин ја одбележаа и заокружија учебната година.