Општина Карпош започна со хортикултурно уредување на кружниот тек на раскрсницата кај средното училиште „Георги Димитров“, во Тафталиџе 1.

Се садат украсни растенија, кои имаат за цел дополнително да го зголемат зеленилото на овој потег.

Украсните растенија се донација од градинарскиот центар „Хорти Дизајн“.

 

Оваа пролет, локалната самоуправа засади 287 нови дрвја на територија на Карпош, а се уредија и платоата во Порта Влае и Карпош 3.