Заврши хортикултурното уредување на кружниот тек во Тафталиџе 1, непосредно до СУГС „Георги Димитров“.

Засадени се украсни грмушки и растенија, со цел да се зголеми зелениот појас во овој дел од Општината.

 
Уредувањето на кружниот тек е донација од градинарскиот центар „Хорти Дизајн“, компанија која ја покажа својата општествената одговорност и даде придонес во заштитата на животната средина.
 
Општина Карпош продолжува со секојдневното надоместување на изгубеното зеленило. Во пролетната акција се засадија 287 нови дрвја, а хортикултурно се уредија и платоата во Карпош 3, Порта Влае и „Млечен“.