Девет основни училишта од територијата на Општина Карпош со своите тимови денес го означија почетокот на фудбалскиот  турнир на песок, кој се одржува на песочното игралиште на Кејот на реката Вардар.

 По разигрувањето што се одржа денес, односно по првите дуели, екипите од  училишта „Јан Амос Коменски“ и „Лазо Трповски“, во петок, ќе го одиграат  првиот полуфинален натпревар. Победникот од тој полуфинален натпревар, ќе игра во големото финале во вторник.

Што се однесува до вториот полуфинален натпревар по денешните одиграни натпревари, познато е дека основците од  ООУ ,,Аврам Писевски“, ќе играат со победникот од дуелот меѓу фудбалерите од основните училишта „Братство“ и  „Војдан Чернодрински“.

Престижното финале,  ќе се одигра на 20.09.2016 (вторник), со почеток од 12.00 часот. Истиот ден, ќе биде и  дуелот за третото место.