Во фер и динамична навивачка атмосфера, денеска, во рамки на традиционалната манифестација “Денови на Општина Карпош”, се одигра финалниот меѓуопштински натпревар во фудбал. Екипите од Општините Аеродром и Кисела Вода, си ги одмерија силите и до крајот на мечот резултатот беше неизвесен.

Двата фудбалски тима ги покажаа спортските вештини и не се откажуваа до последната минута каде тимот на Аеродром победи со 2:0 во регуларниот дел. Општина Аеродром го подигна победничкиот пехар и заврши на првото место. Дипломи за освоено второ место, добија фудбалерите од Општина Кисела Вода, а трети завршија основците од Општина Карпош кои во мечот со Гази Баба во регуларен дел одиграа 1:1, но според правилата на игра потоа одиграа пенали и конечниот резултат на натпреварот заврши со 3:1.