ФОЛКЛОР, ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, КРЕАТИВНИ ПРИКАЗНИ, ЦИРКУЛАРНА УМЕТНОСТ ВО РАМКИ НА КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО
- август 27, 2026
- 0
Од уметност што им дава нов живот на отфрлените материјали, до фолклор што го одржува живо културното наследство – вчера Платото на Млечен беше сцена на две различни, но силно поврзани приказни.
Со ReART – патувачката изложба на циркуларна уметност, младите автори покажаа дека креативноста може да започне токму таму каде што најмалку ја очекуваме. Делови од електронски отпад и предмети кои некогаш имале друга намена, преку нивната имагинација добија нова форма, нова вредност и нова приказна.
Вечерта ја збогати и настапот на КУД „Мирче Ацев“, кој преку песната, музиката и фолклорот уште еднаш ја донесе традицијата поблиску до публиката.
Современата креативност и традицијата можат да зборуваат на различен јазик, но носат иста порака – културата живее кога ја создаваме, ја чуваме и ја споделуваме.
Продолжуваме во ритамот на „Карпошово културно лето 2026″.









