По бројните спортски, еколошки,  хуманитарни и друг вид на активности кои локалната самоуправа ги организираше по повод  јубилејниот 40 ти роденден на Општина Карпош вчеравечер роденденските настани се заокружија со културно- уметничка манифестација.

Токму како што доликува на Општина која може да се истакне  со својот културен бренд „Карпошовото културно лето“, вчеравечер со почеток од 18.30 часот во „Драмскиот театар“, културно- уметнички друштва и фолклорни ансамбли им приредија вистинско културно доживување и уживање на присутните гости. Многубројните карпошани кои до последно ја исполнија салата, уживаа во настапот на Фолклорната школа на Општина Карпош кои се претставија со народни игри. МКУД „Цветан Димов’’ и АКУД „Мирче Ацев’’, како реномирани културно- уметнички друштва, и овој пат беа на своето високо професионално препознатливо ниво со својата изведба. Вокалната изведба на членовите на фолклорното друштво „Етнос“, беше „круна“ на вечерашното културно доживување во кое уживаше и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, со преставници на збратимените општини од соседните балкански земји.