Во организација на ансамблот за народни песни и ора „Фолклорна фантазија“ и под покровителство на Општина Карпош, од шести до осми овој месец, се одржа шестиот по ред Меѓународен детски фолклорен фестивал „Разиграни фолклористи“.

На овогодинешниот фестивал учествуваа ансамбли од Македонија и Србија и тоа, ансамбл за народни песни и ора „Фолклорна фантазија“ Скопје, фолклорна школа за изучување на традиционални народни песни и ора, проект градинки, Мајски цвет, Орце Николов, Пролет и Распеана Младост, фолклорна секција од ООУ „Владо Тасевски“, фолклорен ансамбл „Бучим-Радовиш“, КУЗ фолклористи – Крива Паланка, ФА Тиквеш-Кавадарци, КУД Врело-Раковац, Бујановац-Република Србија, КУД Младост-Кичево, КУД Карпош-Куманово, ансамбл „Орце Николов“, ансамбл „Никола Јонков Вапцаров“, КУД Глас Долине-Бијановац-Република Србија, фолклорно студио „Етнос“ и ансамбл „Илинден“ од Скопје.