Денеска на посета кај градоначалникот  на општина Карпош дојдоа гордите млади фудбалери од фудбалскиот клуб „Карев“ кои неодамна се вратија од Меѓународниот Пирин куп Сандански 2022 со пехар за освоено прво место на турнирот.

Меѓународниот Пирин куп Сандански се организира десетта година по ред. Тимот на Фк „Карев“ е составен од 14 фудбалери и двајца голмани. Оваа година на Меѓународниот Пирин куп Сандански 2022  присуствувале  вкупно 13 члена од тимот. Истите тие возбудени момчиња се пофалија дека минатата година на истиот куп го освоиле второто место, но годинава го освојуваат првотот место  и се надеваат дека со голем труд и вежбање ќе го повторат успехот и следната година.
Градоначалникот им се заблагодари на момчињата на покажаниот успех и ги советува да продолжат и понатака со истото темпо да освојуваат пехари и награди.