Со одлука на Советот на Општина Карпош, ќе се воспостави меѓусебна соработка на Општина Карпош и Општина Крушево од Република Македонија, со Општина Нова Градишка од Република Хрватска. На денешната седница, советниците исто така одобрија финансиски средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи , како и одобрија средства за лица со попреченост од подрачјето на Општина Карпош по повод „3 декември- Денот на лицата со попреченост“. Освен финансиски средства, се одобри и одлуката за средства за поддршка на вработување на лица со попреченост.

На денешната седница, присутни беа и претставници од Младинскиот образовен форум ( МОФ), како и ученици од СУГС „ Никола Карев“.

Локалната самоуправа финансиски ќе издвои 200.000 денари  и ќе ја помогне карпошанката Славица Тодоровска за лекување во странство.

Советниците ги одобрија и предвидените вработувања во ЈУОДГ „ Орце Николов“ за 2018 и 2019 година.

На  шеснаесеттата седница на Советот на локалната самоуправа, се донесе и Деталниот урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, Блок 4, Општина Карпош. Со овој детален  урбанистички план , локалната самоуправа ќе се развива урбанистички, во нејзините периферни делови.

На седницата се донесе и правилник за заштита од пожари и експлозии.