Советниците од Општина Карпош на седумдесет и втората седница на Советот на локалната самоуправа расправаа по вкупно шест точки на дневниот ред. Советниците ја изгласаа одлуката за доделување на финансиски средства на лица со хендикеп од подрачјето на Општината по повод „ 3 Декември“ – Денот на лицата со хендикеп.Исто така, на оваа седница беше прифатено барањето за поставување на нов лифт на ул. Јуриј Гагарин 23/2 кое граѓаните на овој колективен станбен објект го доставија до локалната самоуправа. Нов лифт исто така ќе се постави на бул. Партизански одреди бр.101 , влез 2. Советниците дадоа „ амин“ за одвојување на финансиска помош за организирање на Европско првенство во кик бокс за кадети и јуниори на Кик бокс федерацијата на Република Македонија.

На барање на граѓаните кои живеат во колективниот станбен објект на бул. Партизански одреди бр.109 и бр.111 ќе биде поставено електронска рампа со денешната одлука на Советот на Општина Карпош. На поставено советничко прашање за состојбата со амбиенталниот воздух во Општина Карпош, градоначалникот Стево Јакимовски, истакна Министерството за животна средина е надлежно да го третира овој проблем, но Општината преку својот инспектор за животна средина постојано ја следи состојбата со воздухот на својата територија. Во моментот на поставеното советничко прашање, во Општина Карпош имаше најмала загаденост на воздухот од сите скопски општини.