На шеесет и деветтата седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по вкупно 25 точки на дневниот ред. Со одлука на Советот, ќе се постави нов лифт во колективниот станбен објкет на ул. Франлин Рузвелт бр. 63- а, влез 2, додека за реконструкција – ремонт и замена на стар со нов мал лифт на бул. Партизански одреси бр. 64- б,влез 1 и бр. 153 ќе се одвојат финансиски средства од буџетот на локалната самоуправа.

Советниците исто така ги одобрија барањата за финансиска помош за лекување во странство, доставени од граѓани на Карпош на кои им е потребна таков вид на помош. На денешната седница беше одобрен и предлог ребалансот на буџетот на Општината за 2017 година. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски детално ги образложи предлог точките на дневниот ред за кои советниците упатија прашања.