Во  ЈОУГД „ Орце Николов“, во Карпош 3, денеска се одржа презентација за  здрава храна. По повод Светскиот ден на храната, кој се одбележува на 16 октомври, дечињата од оваа детска установа покажаа што научиле досега за важноста од консумирање на здравата храна. Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев, нагласи дека Општина Карпош е локална самоуправа која на приоритетно место го става квалитетот и безбедноста на исхраната како во градинките, така и во училиштата кои се наоѓаат на нејзината територија.

– Вчера во ОУ „Аврам Писевски“ беше отворена првата училишна градина за производство на здрава храна. Ова е одлична можност, учениците сами да произведуваат храна, и со тоа уште од најмала возраст да ја видат важноста од консумирањето на здравата храна и како таа влијае врз здравјето на нас како луѓе, напомена Манолев. 

Претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, нагласи дека Општина Карпош  е Општина која има овластено лице за квалитет и безбедност на храна во градинките и училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа и во наредниот период ќе поттикнува создавање на вакви училишни градини за производство на здрава исхрана.

На денешната манифестација овластеното лице за контрола и безбедност на исхраната во градинките и училиштата во Општина Карпош м-р Ирена Калајџиеава-Милевска  им додели  благодарници на директорите на детските градинки „Пролет“, „Распеана младост“, и „Мајски цвет“, како и на директорката на градинката „Орце Николов“ Надица Гировска, воспитувачката Наташа Тодоровска, и негувателката Зорица Јаневска.

Благодарници добија и дечињата од „Орце Николов“ кои учествуваа во  денешната презентација, а  дечињата од другите градинки кои беа гости на денешната манифестација на крајот изведоа танцови точки.