Од денеска, комбинираната настава продолжува во сите десет основни училишта во Карпош. Во пресрет на почетокот на вториот дел од учебната годината, локалната самоуправа преку Одделението за образовние ги презема потребните активности за продолжување на наставата, без поголеми проблеми.

Во текот на вчерашниот ден се одржа онлајн работна средба меѓу раководителката на Одделението за образование, Емилија Арсовска и директорките на сите основни училишта.
На средбата се разговараше за постигнатиот успех на учениците во првото полугодие, буџетската програма за активности на Општина Карпош од областа на образованието за 2021 година (линк: https://bit.ly/2Ngee20 ), како и за зголемените хигиенски активности во образовните установи за заштита на учениците и кадарот од КОВИД – 19.
Во следните денови училиштата ќе одржат и родителски онлајн средби, со цел да се соопшти успехот на учениците, како и да се разговара за тоа што ги очекува сите вклучени чинители во процесот на учење во второто полугодие.
Општина Карпош на сите ученици, наставници, административно – технички кадар и родители им посакува успешен почеток на второто полугодие од учебната 2020/2021 година.

Општина Карпош продолжува да биде поддршка на сите десет основни училишта и да придонесува во креирање на подобри услови за следење на наставата.