Успешната соработка помеѓу ООУ „Димо Хаџи Димов“ и партнер училиштето ООУ „Луиѓи Гура Куќи“ од Желино, вчера, двете училишта ја потврдија со низа разновидни активности.

Во рамките на проектот за „Меѓуетничка интеграција во образованието“, учениците од двете училишта работеа во работилници во кои ги подготвуваа личните творби, изработуваа апликации, садеа цвеќиња во знак на пријателство, како и креирање на  интерактивни квизови, а во дел од активностите беа вклучени и наставниците од двете училишта. На средбата учениците и наставниците се дружеа и ги договараа следните активности кои ќе ги реализираат во иднина.